Synopsis
Listen to interviews, features and community stories from the SBS Radio Macedonian program, including news from Australia and around the world. - , , .
Episodes
-
Како војната на Блискиот Исток предизвикува загриженост за безбедноста на храната
25/03/2026 Duration: 11minВојната на Блискиот Исток и ефикасното затворање на Ормутскиот Теснец предизвикаа она што експертите го опишуваат како една од нај значајните енергетски кризи во последните децении. Но, нафтата и гасот не се единствените витални ресурси што се погодени. Војната, исто така, сериозно го наруши протокот на ѓубрива од Блискиот Исток, предизвикувајќи загриженост за влијанието врз локалното производство на храна и безбедноста на храната.
-
"Непотолахот“- Новиот врховен лидер на Иран можеби е поврзан со глобално мултимилионско портфолио
25/03/2026 Duration: 06minДодека Иран е вмешан во тековна војна и уништувачки економски услови, повеќе извештаи покажаа дека новиот врховен лидер на земјата е поврзан со мулти милионско портфолио на средства низ целиот свет. Некои се загрижени дека оваа парична трага може да стигне дури до Австралија.
-
Програмата на СБС на македонски емитувана на 25 март 2026
25/03/2026 Duration: 51minПрограмата на СБС на македонски емитувана на 25 март 2026
-
ОН предупредуваат за растечка контаминација со мини додека земјите го напуштаат договорот
25/03/2026 Duration: 04minРаководителите на програмата на ОН за акција против мини за Етиопија и Судан повикаа на поголемо финансирање и подигнување на свеста за муницијата, која убива и осакатува непропорционален број деца. Тие ја започнуваат Меѓународната кампања за забрана на мини, организирана од Институтот на Обединетите нации за истражување на разоружувањето.
-
Претстојната енергетска криза има широко распространети и сериозни импликации
25/03/2026 Duration: 11minМеѓународната Aгенција за Eнергетика ги предупредува светските лидери дека можеби не се целосно свесни за длабочината на енергетската криза што се заканува, сo развојот војната на САД со Иран. Ефективното затворање на Ормутскиот Теснец предизвика глобален недостиг на гориво, за кој експертите велат дека ќе има широко распространети и сериозни импликации.
-
Вести на СБС на македонски 25 март 2026
25/03/2026 Duration: 13minВести на СБС на македонски 25 март 2026
-
-
Програмата на СБС на македонски емитувана на 24 март 2026
24/03/2026 Duration: 48minПрограмата на СБС на македонски емитувана на 24 март 2026
-
-
Вести на СБС на македонски 24 март 2026
24/03/2026 Duration: 11minВести на СБС на македонски 24 март 2026
-
'Нашето снабдување со гориво е безбедно': Премиерот формира кризен тим
23/03/2026 Duration: 08minПремиерот назначи “ Fuel Tsar”, така-наречен “цар за гориво“ за да помогне во справувањето со проблемите во синџирот на снабдување предизвикани од војната на Блискиот Исток. Ова доаѓа во време кога надзорниот орган за конкуренција ги истражува главните добавувачи на гориво за наводно лошо однесување.
-
Заробени во времето: Човечкото наследство на Помпеја
23/03/2026 Duration: 06minНова изложба за античкиот римски град Помпеја прикажува фасцинантна слика од моментот кога катастрофална ерупција на вулкан го уништила градот во 79 година од нашата ера. На изложбата ќе бидат прикажани над 20 реплики од тела на жители во градот, заедно со други наоди како што се растенија и храна што останале закопани со векови под метри пепел и лава.
-
Програмата на СБС на македонски емитувана на 23 март 2026
23/03/2026 Duration: 48minПрограмата на СБС на македонски емитувана на 23 март 2026
-
-
Дали Виена го реши проблемот со достапноста на домувањето?
23/03/2026 Duration: 04minВиена се гордее со вековен модел на социјално домување, во кој се сместени околу 50 проценти од населението.
-
Вести на СБС на македонски 23 март 2026
23/03/2026 Duration: 13minВести на СБС на македонски 23 март 2026
-
Јорго Капорис и „Душа Балканска“ – Музиката како јазик на пријателството
22/03/2026 Duration: 14minАвстралиецот со македонски и грчки корени, Јоргос Капорис ги поврзува заедниците во Австралија на вообичаено историски разделените балкански народи, преку музика и ора кои стануваат јазик на пријателството.
-
Програмата на СБС на македонски емитувана на 20 март 2026
20/03/2026 Duration: 52minПрограмата на СБС на македонски емитувана на 20 март 2026
-
#106 Mmm or Hmm? Trying new and unusual food - УЧЕТЕ АНГЛИСКИ СО СБС: #106 Мммм или хммм? Пробување нова и необична храна
20/03/2026 Duration: 09minLearn useful English for talking about unusual or strong flavours. Practise everyday phrases for reacting to new foods, sharing opinions, and encouraging someone to try something new. - Научете корисни изрази на англиски јазик за да зборувате за необични или силни вкусови. Вежбајте секојдневни фрази за реагирање на нова храна, споделување мислења и охрабрување на некого да проба нешто ново.
-