Synopsis
Listen to interviews, features and community stories from the SBS Radio Macedonian program, including news from Australia and around the world. - , , .
Episodes
-
-
Австралијанците се предупредени да се вакцинираат против варијанта на грип која брзо се шири
07/04/2026 Duration: 07minСпецијалистите за заразни болести ги повикуваат сите да се вакцинираат против грип за да се спречи повторување на минатo годишниот случај, кога Австралија доживеа рекорден број смртни случаи од грип. Починаа повеќе од 1.700 луѓе, а имаше повеќе од половина милион потврдени случаи. Здравствените експерти велат дека ниските стапки на вакцинација придонесуваат за повисокиот број на случаи и дека оваа година може да биде уште полоша поради ширењето на подкладата на грипот К или Супер-К.
-
Владата најавува ограничувања на рекламите за коцкање
07/04/2026 Duration: 06minПремиерот Aнтони Албанезе објави нови ограничувања за рекламите за коцкање за време на неговото обраќање во Националниот прес-клуб на 2 април. И покрај тоа што ја нарече нај значајната реформа за коцкање што некогаш е спроведена, критичарите предупредуваат дека најновите мерки на премиерот нема да ја намалат штетата.
-
Програмата на СБС на македонски емитувана на 6 април 2026
06/04/2026 Duration: 50minПрограмата на СБС на македонски емитувана на 6 април 2026
-
Рекордна топлина и екстремно време: Експертите алармираат за климата
06/04/2026 Duration: 12minСветот штотуку ги доживеа најжешките 11 години досега. Нов извештај за климата предупредува дека планетата не само што се затоплува, туку складира и повеќе енергија отколку што ослободува - забрзувајќи ги климатските промени. Но, што ќе значи тоа за нас овде во Австралија?
-
Вести на СБС на македонски 6 април 2026
06/04/2026 Duration: 12minВести на СБС на македонски 6 април 2026
-
-
Програмата на СБС на македонски емитувана на 3 април 2026
03/04/2026 Duration: 48minПрограмата на СБС на македонски емитувана на 3 април 2026
-
-
#107 Protecting Wildlife | Talking about animals and nature (Med) - УЧЕТЕ АНГЛИСКИ СО СБС: #107 Заштита на дивиот свет | Разговор за животните и природата (средно ниво)
03/04/2026 Duration: 09minLearn useful English for talking about animals, nature, and protecting wildlife. Practise everyday phrases for discussing threats to animals, expressing concern, and describing the environment. - Научете корисни изрази на англиски јазик за разговор во врска со животни, природа и заштита на дивите животни. Вежбајте секојдневни фрази за дискутирање за закани за животните, изразување загриженост и опишување на животната средина
-
Преглед на неделните вести 3 април 2026
03/04/2026 Duration: 11minПреглед на неделните вести 3 април 2026
-
ПРАШАЈ ГО ДОКТОРОТ: Може ли дијабетесот целосно да се излегува со здрава храна?
03/04/2026 Duration: 11minСте го слушнале ли она тврдење дека дијабетесот може целосно да се излекува со здрава храна? И дека луѓето со нормална тежина не можат да добијат шеќерна болест? Митови или вистина - откриваме во денешната епизода.
-
Ќостек - симбол на заштита, традиција и истрајност во македонската култура
03/04/2026 Duration: 09minСитната стаклена монистра отсекогаш била повеќе од накит. Денеска ве водиме на патување од старите македонски чаршии до домовите на нашите сограѓанки во Мелбурн, кои со секое нанижано зрнце го чуваат меракот и споменот за родниот крај. Како ќустекот стана невидлив, но цврст мост меѓу два континента?
-
Програмата на СБС на македонски емитувана на 2 април 2026
02/04/2026 Duration: 51minПрограмата на СБС на македонски емитувана на 2 април 2026
-
Вести на СБС на македонски 2 април 2026
02/04/2026 Duration: 10minВести на СБС на македонски 2 април 2026
-
-
Глобална осуда откако Израел донесе измени во смртната казна
02/04/2026 Duration: 11minОстра осуда за најновите измени во израелското законодавство за смртната казна. Израелскиот парламент усвои закон со кој смртната казна со бесење се предвидува како стандардна, односно автоматска санкција, за Палестинци осудени за убиство на Израелци. Според истите измени, еврејските граѓани би биле осудени на смрт само ако извршат убиство со цел “да се стави крај на постоењето на Израел“. Меѓународната заедница и групите за човекови права го критикуваа потегот нарекувајќи го дискриминаторски и нехуман.
-
Животот и делото на Анти Рода Робертс одбележани со почит во Банџалангската област
02/04/2026 Duration: 05minСтотици луѓе се собраа за да и оддадат почит на Анти Рода Робертс- живот посветен на уметноста и подигнувањето на гласовите на домородните народи. Рода Робертс е погребана на Кантри во нејзиниот роден град Лизмор.
-
Порота во САД - Мета и Jутјуб одговорни за штета врз деца во борбата против големите технoлошки компании
02/04/2026 Duration: 08minАмериканска порота ги прогласи Меta и YouTube за одговорни во првата тужба од ваков вид, чија цел беше да ги смета платформите на социјалните медиуми за одговорни за штетата врз децата што ги користат нивните услуги. Пресудата означува пресвртница што би можела да го преобликува начинот на кој технолошката индустрија е правно одговорна за менталното здравје на младите корисници.
-
Мисијата на Месечината закажана за оваа недела, пет децении од мисиите Аполо
02/04/2026 Duration: 09minЧовештвото се враќа на Месечината за прв пат од 1970-тите. Екипаж од четири лица помина повеќе од две години обучувајќи се за 10-дневна мисија, која ќе ги испрати на брза јамка околу Месечината пред да се вратат на Земјата.